Здраво!Нов пост.Насловот на овој пост е Beauty tricks.Па да започнеме!
1.Имате исушена маскара.Земете чаша,во неа сипете топла вода,маскарата ставете ја во чашата.Почекајте половина час и извадете ја.Вашата маскара повеќе не е исушена :)
2.Доколку се бричите на нозете,земете балзам за коса.Нозете ќе ви бидат повеќе меки.
3.Пигментацијата на некоја сенка не ви се допаѓа.Ставете во неа капки за очи,а таа повеќе ќе се гледа и ќе изгледа поубаво.
4.Имате искршен кармин?Во едната рака фен,а во другата карминот.Почнете со фенот да ги топите двете половини од карминот со фенот.А потоа соединете ги,залепете ги.
5.Доколку сакате да си направите сами свој руж за лице,земете кармин,лажица и свеќа.Извадете го карминот од неговото паковање,ставете го на лажицата и запалете ја свеќата.Лажицата држете ја над свеќата.Карминот ќе се растопи.Потоа ставете го во нешто што ви е празно,а може да влезе во него четка.И за на крај тоа ставете го во ладилник.Нека поседи еден час и извадете го.
6.Ставате шнола на коса но не ви држи.Земете лак за коса и испрскајте ја шнолата.Оставете ја малце да се исуши.Таа ќе ви ја држи косата повеќе како што вие сакате.
7.Нанесувате туш на очи,но ви снемува.Не се разочарувајте.Земете маскара,четка која има шпиц,и со четката земете од маскарата.
8.Доколку ви е потешко да нанесете моливче за уста на уста,земете запалка и растопете го малце моливчето за уста,земете четкичка која ви одговара и моливчето за уста нанесете го со четка..
Ова се неколку од моите Beauty tricks.Доколку знаете и вие коментирајте,за да ги пробаме!
Се надевам дека барем малце би помогнав...